Апел до граѓаните на Кичево
„Ние не можеме да исчистиме толку брзо колку што некои несовесни граѓани можат да расфрлаат ѓубре.“
Ве молам да покажеме повисока свест и култура во нашето секојдневие. Сметот и ѓубрето треба да се одложуваат соодветно, во контејнерите предвидени за тоа.
На фотографиите јасно се гледа дека ЈКП „Комуналец“ редовно ги празни контејнерите, но дел од граѓаните упорно фрлаат отпад каде што ќе стигнат. Таквото однесување ја нарушува чистотата и изгледот на нашата општина, а пред сè – го загрозува здравјето и квалитетот на живот на сите нас.
Затоа, ќе пристапиме со опомени преку комуналните редари, а доколку оваа практика продолжи, ќе бидеме приморани да примениме и казнени мерки.
Со почит,
Д-р Александар Јовановски
Градоначалник на Општина Кичево