(ФОТО) Градоначалникот Д-р Александар Јовановски и новиот Совет во општина Кичево од вчера и официјално стапија во служба на граѓаните
Вчера 10.11.2025 год и официјално Д-р Александар Јовановски ја презеде градоначалничката функција во општинската зграда на град Кичево. Со скромна свеченост и честитки од вработените, упатувајќи срдечни поздрави за успешен старт, во многу здравје, среќа и бериќет со плодна работа се означи едно ново поглавје во град Кичево.
Советниците исто така ги зедоа своите уверенија за четиригодишниот мандат, а примопредавање во една хармонична атмосфера му оддаде и досегашниот градоначалник Фатмир Дехари кој му посака успех во работата и многу здравје каде му врачи еден скромен поклон од град Кичево, изгравиран со честитка за успешна работа.
Фотогалерија од настанот: