Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Активности на ЈКП „Комуналец“ – Кичево

Во текот на денешниот ден, Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ продолжи со акцијата за чистење на вториот дел од магистралниот пат долж влезната магистрала кон градот – во правец од поранешната „Штрафара“ до Автобуската станица. Со овие активности се овозможува подобра прегледност и безбедност за сите учесници во сообраќајот, како и уреден и чист изглед на влезот во градот.

ЈКП „Комуналец“ останува посветено на редовно одржување на јавната хигиена и инфраструктурата, со цел создавање уредна и функционална средина за граѓаните на Кичево.

Back to top