Акцијата за чистење на магистралата продолжува!
Градоначалникот на Општина Кичево, Д-р Александар Јовановски, заедно со директорот на ЈКП „Комуналец“ Кичево, г. Бојан Стојкоски, денес беа присутни на терен и лично набљудуваа како се одвиваат активностите, со цел да се обезбеди ефикасна и координирана работа.
Екипите на ЈКП „Комуналец“ Кичево активно работат на делницата од „Млин“ кон населбата Горица, со цел да се обезбеди почиста, побезбедна и поуредна околина за сите граѓани.
Со вакви акции, Кичево чекори кон поуреден и современ град – затоа да ја чуваме заедничката средина и да придонесеме секој со својот пример!