Придонесете со вашите предлози за буџетот на Општина Кичево за 2025 година
Учество во изготвувањето на Буџетот на општината за 2025 година
Почитувани,
Општина Кичево ве известува дека ги започна активностите за изработка на Буџетот на општината за 2025 година.
Во овој контекст, имајќи ја предвид потребата и начинот да се биде потранспарентен и да се вклучат сите во овој процес, ги повикува сите:
- Граѓани
- Месни заедници
- Здруженија
- Невладини организации
- Медиумите и сите други јавни институции да се приклучат и во писмена форма преку
идеи, предлози и проекти да ни ги понудат истите и оние кои ќе бидат во интерес и корист на граѓаните ние како институција го правиме нивниот избор за да се вградат во буџетот за 2025 година.
За предлози, идеи и ваш интерес, ве повикуваме да ни пишете во формата претставена подолу на платформата дизајнирана од Општина Кичево.