Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Јавен повик

ОПШТИНА КИЧЕВО

Врз основа на Програмата за финансирање на активностите од областа на културата од интрес на Општина Кичево и поддршка на здружениа на грѓаните за 2021 година  ( “Службен Гласник ” бр. 02/2021  ), Општина Кичево објавува:

ЈАВЕН ПОВИК

За прибирање на барања за користење средства од Буџетот на Општина Кичево за 2021 година, наменети за поддршка на културните здруженија

Распределбата на средствата од Буџетот на Општина Кичево за 2021 година, согласно Програмата од областа на културата од интрес на Општина Кичево, и поддршка на културните здруженија на грѓаните за 2021 година  бр. 08-393/19 од 25.2.2021, средства во износ од 2 200 000 ден. наменети за финансирање на програмски културни активности, ќе се врши врз основа на критериумите и приоритетите од Методологијата бр.08-600/24 од 14.03.2016 опишани во овој повик.

1. Видот на проектите кои ќе бидат поддржани

Средствата од Буџетот на Општина Кичево ќе се користат за финансирање на програмски културни активности, за проекти од следниве категории:

Поддршка на проекти и активности за организирање  на фестивали, одбележување јубилејни настани и значајни датуми, финансирање на културни манифестации, поттикнување на современото творештво и промоција на културното наследство.

2. Предвидени средства

За финансирање на понудените програмски активности, согласно овој повик ќе се користат средства од Буџетот на Општина Кичево за 2021 година, во износ од 2 200 000 ден. и тоа:

  1. Финансирањето на локалниот интерес во културата на Оштина Кичево, како и реализцијата на оваа програма ќе се одвива како што следува:
  1. Организирање  на фестивали
  2. Одбележување јубилејни настани и значајни датуми
  3. Финансирање на културни манифестации
  4. Поттикнување на современото творештво
  5. Промоција на културното наследство
  6. Помагање на манифестациите на младите со

културни-уметнички и забавно-едукативни содржини

3. Доставување извештај

На културните здруженија ќе им бидат доделени средства согласно Програмата за финансирање на активностите од областа на културата од интрес на Општина Кичево, и поддршка на здружениа на грѓаните за 2021 година и по завршувањето на своите програмски активности ќе достават извештај за користење на средствата до Секторот за финансии на Општина Кичево.

4. Основни организациски критериуми

Основни организациски критериуми кои треба да ги исполнуваат културните здруженија кои ќе учествуваат на овој повик се:

  • Капацитет на организацијата
  • Релевантност на акцијата
  • Ефекти во средината
  • Одржливост на проектот
  • Сопствено учество во кофинансирање ( со време, опрема, човечки ресурси )
  • Конзистентност на проектот ( цели-активности-резултати-буџет )
  • Прецизна поделба на улогите на партнерите

5. Потребна документација што здружението треба да ја достави кон Пријавата за финансиска поддршка на здруженија на граѓани:

Здруженијата и фондациите кои учествуваат на огласот треба да достават:

  1. Пријава за финансиска поддршка;
  2. Буџет апликација
  3. Решение за регистрација на здружението;

Здруженијата на граѓани можат да поднесат само една пријава за финасиска подршка за проект или манифестација.

Напомена: Пријавите со непотполна документација или по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат! Доставените прилози не се враќаат.

6. Рок и начин на доставување на пријавите

Рокот за поднесување на пријавите е 20 ( дваесет ) дена од денот на објавување на огласот во дневните весници и на веб страницата на Општина Кичево www.kicevo.gov.mk

Пријавата со целокупната документација да се достави преку пошта, на адреса:

Општина Кичево ул. Борис Кидрич бр.1 6250 Кичево, или во Архивата на општината од 08:00 до 16:00 часот, со назнака  – За поддршка на културните  здруженија за 2021 година.

Културните здруженијата, учесници на јавниот повик ќе бидат известени за резултатите по објавувањето на одлуката за распределба на средствата во Службен Гласник на Општина Кичево. Називите на културните здруженијата кои добиле средства за проектите и активностите ќе бидат објавени на вeб страната на Општина Кичево. Пријавите за финансиска поддршка на културните здруженија и Формуларот за предлог –проект и активности  ќе можат да се подигнат од Архивата на општина Кичево и или подолу

Back to top