Јавен повик за сите правни лица кои имаат седиште на фирма или подружница на територијата на Општина Кичево
Врз основа на Законот за комунални такси („Службен весник на Република Македонија“ бр. 61/2004, 64/05, 92/07, 123/12, 154/15, 192/15,23/2016, 151/2021 и 151/2022), додека согласно Законот за општа управна постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр. 124/15), градоначалникот на Општина Кичево објавува:
ЈАВЕН ПОВИК
За сите правни лица кои имаат седиште на фирма или подружница на територијата на Општина Кичево, односно се обврзници на Комунална такса, се информират да ги преземат следните чекори:
- Фирми кои имаат седиште или подружница на територијата на Општина Кичево, а за кои не е извершена уредна достава за 2024 а соглсно член 77 до 86 од Законот за општа управна постапка должни се да извршат подигнување на Решението за КТ, односно назив на деловни простории за 2024 година, во просториите на Општина Кичево.
- Обврските согласно Решението за КТ, односно назив на деловни простории, должни сте да ги подмирите обврските што се предвидени со истото.
Обврските може да ги уплатите на следните уплатници:
Примач | Сметка на трезорот |
Банка на примачот | Народна Банка на РМ |
Сметка | 100000000063095 |
Пед.бр | Даночен вид | Сметка на уплата | Приходна шифра |
1. | За назив на деловни простории | 840-134-03210 | 717112 |
2. | За деловни единици | 840-134-03210 | 717112 |
Овој повик, стапува на сила со денот на објавувањето, а се смета дека странката е запозната на писмено за правната работа. За негативните последици (принудна исплата, казнување со парични средства, дополнителни трошоци и друго), кои евентуално можат да настанат, ги сноси самата странка.
Доколку сте извршиле уплата, а сеуште не е евидентирана, или треба да следува нејзина нивелизација над обврската за комунална такса, ве замолуваме да се обратите во Општина Кичево, Одделение за данок и комунални такси, канцеларија бр.50 за да доставите доказ за извршената уплата, или контактирајте не на следната адреса:
Ул ,,Борис Кидрич,, бр.2 – Кичево
Е-mail: kercova2013@yahoo.com