Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Јавен повик за прибирање на барања за користење средства од Буџетот на Општина Кичево за 2024 година, наменети за финансирање на програмски активности на здруженија и фондации кои работат исклучиво на полето на подобрување на условите за живеење на социјално маргинализирани лица, лица со посебни потреби

ОПШТИНА КИЧЕВО

Врз основа на Законот за Здруженија и фондации (Службен весник на РМ бр.52/2010,135/11 и 55/16) и Програмата за поддршка на локален економски развој за 2024 година донесена од страна на Совет на Општина Кичево, Општина Кичево објавува:

ЈАВЕН ПОВИК
За прибирање на барања за користење средства од Буџетот на Општина Кичево за 2024 година, наменети за финансирање на програмски активности на здруженија и фондации кои работат исклучиво на полето на подобрување на условите за живеење на социјално маргинализирани лица, лица со посебни потреби

Распределбата на средствата од Буџетот на Општина Кичево за 2024 година, согласно Програмата за поддршка на локалниот економски развој, средства наменети за финансирање на програмски активности на здруженијата и фондациите ќе се врши врз основа на критериумите и приоритетите дадени во овој повик.

1. Видот на проектите кои ќе бидат поддржани
Средствата од Буџетот на Општина Кичево ќе се користат за финансирање на програмски активности на здруженија и фондации, за проекти кои влијаат кон јакнење на капацитетот на здруженија и НВО кои работат исклучиво на полето на подобрување на условите за живеење на социјално маргинализирани лица, лица со посебни потреби и слично. Со овој повик  ќе бидат поддржани исклучиво здруженијата и фондациите кои се регистрирани како такви и истите имаат ПОДНЕСЕНО извештај за реализација на проектните активности, доколку биле корисници на средства од општинскиот буџет за претходната фискална година. Здруженијата и фондациите треба да понудат креативни и иновативни проекти со осмислени програми и содржини.

2. Предвидени средства – За финансирање на понудените програмски активности, согласно овој повик ќе се користат средства од Буџетот на Општина Кичево за 2024 година во висина од 300.000,00 денари.

3. Доставување извештај Здруженијата и фондациите на кои ќе им бидат доделени средства согласно Програмата, по завршувањето на своите програмски активности ќе достават извештај за користење на средствата до Секторот за финансии на Општина Кичево и Кабинетот на Градоначалникот.

4. Основни организациски критериуми Основни организациски критериуми кои треба да ги исполнуваат здруженијата и фондациите кои ќе учествуваат на овој повик се:

– Да се регистрирани според Законот за здруженија и фондации
– Да се занимаваат со активности и проекти од јавен интерес

5. Потребна документација која здружението/фондацијата треба да ја достави кон Пријавата за финансиска поддршка на здруженија на граѓани и фондации
Здруженијата и фондациите кои учествуваат на огласот треба да достават:

  1. Пријава за финансиска поддршка
  2. Предлог проект
  3. Pешение за регистрација на здружението или фондацијата
  4. Извештај за реализација на проектните активности, доколку биле корисници на средства од општинскиот буџет за претходната фискална година.

6. Рок и начин на доставување на пријавите
Рокот за поднесување на пријавите е најдоцна до 06.09.2024 год.
Пријавата со целокупната документација да се достави преку пошта, на адреса:
Општина Кичево ул. Борис Кидрич бр.2, 6250 Кичево, или во архивата на Општината од 09:00 до 15:00 часот, со назнака  – За поддршка на здруженија и фондации за 2024 година.

Називите на здруженијата и фондациите кои добиле средства за проектите ќе бидат објавени на веб страната на Општина Кичево. Пријавите за финансиска поддршка на здруженија и фондации и Формуларот за предлог – проект ќе можат да се подигнат од архивата на општина Кичево и/или на веб страната на Општина Кичево: www.kicevo.gov.mk

Back to top