Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Јавен повик за правни лица

Врз основа на чл.53 и 54 од Законот за Данок на имот („Сл. на РМ„ бр. 61/2004, 92/2007, 102/2008, 35/2011, 53/2011, 84/2012 ,188/13,154/2015, 192/15, 23/16, 96/19,151/21,153/2023) и врз основа на чл.84 и 86 од Закон за општа управна постапка („Сл. на РМ„ бр, 124/15), Градоначалникот на oпштина Кичево објавува:

Јавен повик за правни лица

Општина Кичево има испратено ОПОМЕНИ за неплаќање на данокот на имот за правни лица, при што сите правни лица кои поседуваат имот на територијата на Општина Кичево, а кои според Законот за данок на имот се даночни обврзници, должни се да го платат данокот на имот.

Се повикуваат сите субјекти кои не ја примиле oпомената испратена од Општина Кичево, да се јават во канцеларијата за управување со даноци и комунални такси да ја подигнат истата и да продолжат со плаќање на даночните обврски. Списокот на правните лица, даночни обврзници кои не примиле опомена за неплаќање на данок на имот е објавен на веб страната на Општина Кичево.

 Обврските може да ги подмирите со следната уплатница:

ПримателТрезорска сметка 
Банка на примачотНародна Банка на РМ
Сметка100000000063095
Ред.бр.Вид на данокСметка на уплатаШифра на приходи
1.Данок на имот за правни лица840-134-02512713113

Овој јавен повик се спроведува преку дневен печат кој се дистрибуира на територијата на целата држава, на веб страната на Општина Кичево, како и на Огласната табла, со што се смета дека странките се уредно известени, па негативните последици (присилна наплата, парична казна, дополнителни трошоци и сл.) кои евентуално може да настанат, должна е да ги сноси самата странка.

Доколку сте извршиле уплата која не е евидентирана, или е потребно нивелизација врз основа на данок, Ве молиме да се обратите до Општина Кичево, Оделение за данок и комунална такса, канцеларија бр.50 и 46 и да доставите докази за извршената уплата, или да не контактирате на следната е-маил адреса: kercova2013@yahoo.com

Back to top