Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Јавен повик за правни и физички лица кои поседуваат имот на територијата на Општина Кичево

Врз осова на Законот за Данок на имот („Сл. на РМ„ бр. 61/2004, 92/2007, 102/2008, 35/2011, 53/2011, 84/2012 ,188/13,154/2015, 192/15, 23/16, 96/19,151/21,и 151/2022) и врз основа на Закон за општа управна постапка („Сл. на РМ„ бр, 124/15), Градоначалникот на oпштина Кичево објавува:

ЈАВЕН ПОВИК
За правни и физички лица кои поседуваат имот на територијата на Општина Кичево

Се повикуваат сите правни и физички лица кој поседуваат имот на територијата на Општина Кичево, кои врз основа на Законот за данок на имот се даночни обврзници, да ги превземат следните чекори:

  1. Правни и физички лица кои поседуваат имот на територијата на општина Кичево, на кои не им е доставено уредно Решение за Данок на имот на еден од начините предвидени согласно чл.78 до чл.86 од Законот за општа управна постапка, се обврзани да ги превземат Решенијата за данок на имот за 2023 година во просториите на Општина Кичево.
  2. Правни и физички лица кои поседува имот на територијата на општина Кичево, на кои уредно им е доставено Решение за данок на имот за 2023 година, да ги подмират обврските кои се предвидени со истиот.

 Обврските можат да ги подмират со следната уплатница:

ПримателТрезорска сметка 
Банка на примачотНародна Банка на РМ
Сметка100000000063095
Ред.бр.Вид на данокСметка на уплатаШифра на приходи
1.Данок на имот за правни лица840-134-02512713113
2.Данок на имот за физички лица840-134-02507713111

Овај повик влегува во сила со денот на објавувањето на истиот и се смета дека странката е информирана во писмена форма. За негативните последици ( присилна наплата, парична казна, дополнителни трошоци и сл.) кои евентуално може да настанат, тие ќе ги подмири самата странка.

Доколку сте извршиле наплата која не е евидентирана, или е потребно нивелизација врз основа на данок, Ве молиме да се обратите до Општина Кичево, Одделение за данок и комунална такса, канцеларија бр.22, и да доставите докази за извршената наплата, или да не контактирате на следната е-маил адреса:

Е-mail: kercova2013@yahoo

Back to top