Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Јавен повик за правни и физички лица кои поседуваат имот на територијата на Општина Кичево 

Врз осова на Законот за Данок на имот („Сл. на РМ„ бр. 61/2004, 92/2007, 102/2008, 35/2011, 53/2011, 84/2012 ,188/13,154/2015, 192/15, 23/16, 96/19,151/21,и 2022) и врз основа на Закон за општа управна постапка („Сл. на РМ„ бр, 124/15), Градоначалникот на oпштина Кичево објавува: 

ЈАВЕН ПОВИК 

За правни и физички лица кои поседуваат имот на територијата на Општина Кичево 

Се повикуваат сите правни и физички лица кои поседуваат имот на територијата на Општина Кичево, кои врз основа на Законот за данок на имот се даночни обврзници, да ги превземат следните чекори: 

  1. Правни и физички лица кои поседуваат имот на територијата на Општина Кичево, на кои не им е доставено уредно Решение за Данок на имот на еден од начините предвидени согласно чл.77 до чл.86 од Законот за општа управна постапка, се обврзани да ги преземат Решенијата за данок на имот за 2024 година во просториите на Општина Кичево. 
  1. Правни и физички лица кои поседуваат имот на територијата на Општина Кичево, на кои уредно им е доставено Решение за данок на имот за 2024 година, да ги подмират обврските кои се предвидени со истиот. 

 Обврските можат да ги подмират со следната уплатница: 

Примател Трезорска сметка  
Банка на примачот Народна Банка на РМ 
Сметка 100000000063095 
Ред.бр. Вид на данок Сметка на уплата Шифра на приходи 
1. Данок на имот за правни лица 840-134-02512 713113 
2. Данок на имот за физички лица 840-134-02507 713111 

Овај повик стапува на сила со денот на објавувањето на истиот и се смета дека странката е информирана во писмена форма. За негативните последици (присилна наплата, парична казна, дополнителни трошоци и сл.) кои евентуално може да настанат, тие ќе ги подмири самата странка. 

Доколку сте извршиле наплата која не е евидентирана, или е потребно нивелизација врз основа на данок, Ве молиме да се обратите до Општина Кичево, Оделение за данок и комунална такса, канцеларија бр.50, и да доставите докази за извршената уплата, или да не контактирате на следната адреса: 

Ул ,,Борис Кидрич,, бр.2 – Кичево
Е-mail: kercova2013@yahoo

Back to top