Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Јавен повик за избор на члeнови на Младински совет на Општина Кичево

Општина Кичево, во согласност со Одлуката на Советот на Општина Кичево, бр. 07- 975/12, од 08.04.2015 год., („Сл. Гласник„ бр. 4/2015), за основање на Младински совет, објавува:

ЈАВЕН ПОВИК
за избор на члeнови на Младински совет на Општина Кичево

  1. Општи информации

Со овој Јавен повик се повикуваат сите млади кои се со живеалиште во Кичево и се на возраст од 15 до 29 години, како и сите младински организации, организации за млади, ученички и студентски организации, политички помладоци, и други облици на младинско здружување регистрирани во Централен регистар со седиште во Кичево, да номинираат свој/и кандидат/и.

Локален младински совет (ЛМС) на Општина Кичево претставува советодавно тело на општина Кичево, кое го сочинуваат млади претставници на различните форми на организирање во Кичево, и има советодавна и застапувачка улога за прашањата од младински интерес во локалната самоуправа.

За Локален младински совет на општина Кичево се избираат дополнителни 7 (седум) членови. Членовите на Локалниот младински совет на општина Кичево се избираат со мандат од 2 години со право на уште еден избор.

Локалниот младински совет има свој претседател и заменик-претседател, кои се бираат од редовите на избраните членови и кои го претставуваат Локалниот младински Совет на општина Кичево пред Советот на општина Кичево и се задолжени за одржување на комуникацијата со службеникот за млади во општина Кичево.

1.1. Задачи на Локалниот младински совет на општина Кичево

– Предлагаат точки на дневен ред на Советот на општина Кичево кои ги засегаат младите;
– Иницирааат, учествувааат и даваат повратни информации за процесот на локална младинска стратегија и други политики;
– Изработуваат програма за работа за млади,
– Вршат други советодавни и застапувачки работи во согласност со Законот за младинско учество и младински политики.

2. Право на учество во Локалниот младински совет на општина Кичево

2.1. Кандидати за членови во Локалниот младински совет на општина Кичево задолжително треба да се жители на подрачјето на Кичево и да бидат на возраст од 15 до 29 години. Да бидат креативни  и способни за индивидуална и тимска работа и искуство со проекти.

2.2. Исто така право да учествуваат во Локалниот младински совет на општина Кичево  имаат млади лица номинирани од редот на:

– Младински организации;
– Организации за млади;
– Политички подмладоци;
– Ученички и студентски организации и
– Други облици на младинско здружување,
– Да имаат активности на територијата на општина Кичево,
– Да имаат искуство со младински активности и проекти;

3. Начин на пријавување и задолжителна документација

 За пријавувањето на Јавниот повик, подносителите се должни да ја достават следнава документација:

– Биографија- CV, на кандидатот, (документ не подолг од две страни);
– Мотивациско писмо – визија и кратка програма на членот кој што сака да биде дел од Локалниот младински совет на општина Кичево, како и причините поради кои се кандидира и
– Доказ дека номинираните кандидати за членови на Локалниот младински совет на општина Кичево се жители на градот Кичево и дека се на возраст од 15 до 29 години.
– Потврда дека cе ученици/студенти, односно потврда за завршено образованиe;
– Уверенија добиени од курсеви, обуки, натпревари итн.

4. Начин на спроведување на јавниот повик

 Рок и начин на доставување на пријавите Јавниот повик се објавува на веб-страницата на општина Кичево (www.kicevo.gov.mk), во печатени медиуми и во електронски медиуми.

Јавниот повик се објавува на 21.02.2024 година и ќе трае 7 календарски дена, најдоцна до 29.02.2024 година до 15:00 часот.

Потребната документација, подносителите ја поднесуваат на официјалниот емаил: kercova2013@yahoo.com или во затворен плик до Архивата на општина Кичево, или преку пошта на адреса: Борис Кидрич бр.1, со назнака: „Јавен повик за нови членови на Локален младински совет на општина Кичево.

Пликот не смее да содржи никаква ознака која би можела да го идентификува кандидатот.

Ненавремено доставените пријави, Комисијата нема да ги разгледува.

За повеќе информации околу локалните младински совети можете да ги прочитате следните документи:

1. Закон за младинско учество и младински политики, достапен на: http://www.slvesnik.com.mk/Issues/862649465cf4432aadcb4119f52bfd81.pdf

2. Прирачник за локални младински совети, достапен на: https://www.osce.org/mk/mission-to-skopje/491135

Back to top