Јавен повик за учество во акција за поддршка – дооформување на средно образование за возрасни лица – роми
Општина Кичево објавува јавен повик учество во акција за дооформување на средно обраозвание за возрасни лица Роми од Општина Кичево. Оваа активност се имплентира како дел од акцијата „Пост КОВИД 19 мерки за превенција и опоравување во образованието за деца и возрасни„ финансирана во рамки на заедничкиот проект на Европската Унија и Советот на Европа, РОМАКТЕД Програмата Фаза II за „Промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво„
Краток опис на акцијата
Оваа акција има за цел директно да го промовира и унапреди образовното ниво на дел од ромската заедница во Општина Кичево со цел да им овозможи на Ромите да бидат конкуректни и да им го олесни пристапот на пазарот на труд.
Целта на повикот е да се обезбеди формална диплома за завршено средно образование за возрасни Роми кои го немаат комплетирано своето средно образование.
Со оваа активност ќе бидат опфатени три до пет возрасни Роми кои имаат завршено
тригодишно средно образование или на кои им недостасува уште една година за да се стекнат со диплома за завршено средно образование.
Дооформувањето на образованието треба да биде спроведено во временски период од април до декември 2023 година.
Избраните кандидати ќе се стекнат со диплома за завршено средно образование.
Генерални критериуми за учество во повикот
- Лица со лична карта и адреса на живеење на територија на Општина Кичево
- Лица кои немаат завршено 4-годишно средно образование, односно 4та година од средно образование
- Лицата да бидат на возраст од 18 до 45 години
- Лицата да бидат припадници на ромската заедница
Се охрабруваат жените и девојчињата Ромки да аплицираат.
Потребни документи за аплицирање
Заинтересираните кандидати да ги достават следните документи:
- Пополнета Пријава (пријавата е прикачена заедно со јавниот повик)
- Копија од лична карта
- Копија од завршени свидетелства за 1ва, 2ра и 3та година средно образование
- Лична изјава за припадност на ромска заедница (во прилог да се пополни)
Комплетната документација може се достави на три начини:
- во архивата на општината во затворен коверт со долунаведена назнака
- препорачанопо пошта на следната адреса: (Ул. Борис Кидрич бр.1) во затворен коверт со долунаведена назнака
Крајниот рок за доставување на документацијата е пет дена од денот на објавување на огласот на веб страната на општината, односно најдоцна до 24.02.2023 со назнака: „ ЈАВЕН ПОВИК ЗА УЧЕСТВО ВО АКЦИЈА ЗА ПОДДРШКА – ДООФОРМУВАЊЕ НА СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ ЗА ВОЗРАСНИ ЛИЦА РОМИ “ – РОМАКТЕД ПРОГРАМА
Ненавремената и некомплетната документација нема да се разгледува и истата нема да влезе во конкуренција со останатите пријави.
Сите дополнителни прашања и информации можете да ги добиете во архивата на Општина Кичево секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот.
Трошоците за комплетирање на средното образование ќе бидат покриени од страна на Општината во рамки на акцијата „Пост КОВИД 19 мерки за превенција и опоравување во образованието за деца и возрасни„ финансирана во рамки на заедничкиот проект на Европската Унија и Советот на Европа, РОМАКТЕД Програмата Фаза II за „Промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво„.