Средба со претставници на Амбасадата на САД во Скопје, шефот на канцеларијата за политички и економски прашања Дејвид Мајерс и политичкиот аналитичар Адријан Исмаили
Почитувани граѓани на Кичево,
Денеска остварив плодна и надежна средба со претставници на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје, шефот на Канцеларијата за политички и економски прашања David Myers и политичкиот аналитичар Адријан Исмаили.
Сакам да изразам длабока благодарност за посветеноста на Американската амбасада во поддршката на локалниот економски развој на Кичево и другите општини во РСМ, додека заедно ценевме дека нашите досегашни напори треба да послужат како уште поголема мотивација да продолжиме со нови енергии во насоката на реализација на проекти кои ќе донесат значителни подобрувања во животот на нашите граѓани.
На оваа средба разговаравме за предизвиците, очекувањата и значењето на политичко-економската соработка меѓу нашата општина и Амбасадата на САД, како и со централната власт. Овие соработки остануваат од витално значење за економскиот развој на Кичево и за создавање можности за нови инвестиции и економски раст.
Исто така, ги споделивме нашите идеи во однос на можностите за унапредување на меѓуетничката хармонија, подобрување на квалитетот на животот на граѓаните, отворање нови работни места и подобрување на јавните услуги.
Посветеноста и поддршката на американската амбасада ни дава надеж и доверба дека заедно ќе најдеме трајни и корисни решенија за сите.
Блиската соработка со нашите меѓународни партнери е од суштинско значење за одржливиот развој на нашиот град. Решени сме да го продолжиме овој пат и посветено да работиме за подобра иднина на Кичево.
Ви благодарам за континуираната поддршка и ве уверувам дека ќе продолжиме да работиме посветено за да ги постигнеме нашите цели.
Изразувам длабока благодарност до претставниците на Американската амбасада за нивната посета и соработка во интерес на граѓаните.
Со почит,
Фатмир Дехари
Градоначалник на општина Кичево