Средба со директорот на Агенцијата за рурален развој во земјоделството
Денеска во просториите на Општина Кичево гостин ни беше директорот на Агенцијата за рурален развој во земјоделството г-дин Ремзи Абдулаи.
Во рамките на средбите во руралните општини, следна средба беше посетата на Општина Кичево.
Заедно со директорот и претставникот од Општина Кичево одржавме средба со земјоделците и сточарите, ја изразивме нашата поддршка за процесот на аплицирање и информации за процедурите за аплицирање. Исто така понудивме поддршка и помош за време на аплицирањето.
Оваа средба беше корисна за сите, особено за присутните, нудејќи можност за поддршка и услуга во секое време.