Решение
Општина Кичево, претставувана од Градоначалникот, решавајќи по барањето за одобрување на Урбанистичкиот проект на Друштво за геодетски работи, трговија и услуги ″ГЕО БАЛКАН″ ДООЕЛ – Битола и врз основа на член 62 став (10) од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл. Bесник на РCМ бр.32/2020), го издава следното:
РЕШЕНИЕ
За одобрување на УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ЗА ИНФРАСТРУКТУРА
Се одобрува Урбанистичкиот проект за инфраструктура – за изградба на оптичка телекомуникациска инфраструктура – ФТТХ Зајас-фаза I, КО Зајас, Општина Кичево, со техн.бр. 11-19/2021 од септември 2021 за нарачателот Македонски телеком – АД Скопје, изработен од Друштво за геодетски работи, трговија и услуги ″ГЕО БАЛКАН″ ДООЕЛ – Битола согласно со член 62 став (10) од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл. Bесник на РCМ бр.32/2020)
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ
Барателот Друштво за геодетски работи, трговија и услуги ″ГЕО БАЛКАН″ ДООЕЛ – Битола, преку информацискиот систем е-урбанизам поднесе барање за одобрување на Урбанистичкиот проект за инфраструктура – за изградба на оптичка телекомуникациска инфраструктура – ФТТХ Зајас-фаза I, КО Зајас, Општина Кичево
Во прилог на барањето достави:
- Проектна програма за изработка на инвестиционо – техничка документација: „Проект за изградба на оптичка телекомуникациска инфраструктура – FTTH Зајас фаза I Општина Кичево со бр.07-307007/1 од 20.05.2021
- Извод од ГУП за село Зајас Општина Кичево со бр.09-13/сл од 30.08.2021
- Урбанистички проект за инфраструктура за изградба на оптичка телекомуникациска инфраструктура – ФТТХ Зајас – фаза I, КО Зајас, Општина Кичево со техн.бр. 11-19/2021 од септември 2021.
- Извештај од извршена стручна ревизија на Урбанистички проект за инфраструктура за изградба на оптичка телекомуникациска инфраструктура – ФТТХ Зајас – фаза I, КО Зајас, Општина Кичево, од страна на ревидентската куќа ДППТУ ФОРМИ Јорго ДООЕЛ Битола со бр 09-09/182 од 10.2021
- Геодетски елаборат за геодетски работи за посебни намени за ажурирана геодетска подлога зададен опфат во КО Зајас со бр.08306/4 од 27.07.2021
- Известување за електронска заверка на геодетскиот елаборат за Геодетски елаборат за ажурирана геодетска подлога, изработен од: ДООЕЛ ГЕО БАЛКАН, заведена подброј: 08-306/4 од 26.07.2021 година од АКН
- Извештај од извршено дигитално преклопување од АКН
- Ажурирана геодетска подлога
- Потврда дека “Урбанистичкиот проект за инфраструктура за: изградба на оптичка телекомуникациска инфраструктура – ФТТХ Зајас фаза I, КО Зајас, Општина Кичево” го исполнува квалитетот од тематски и тополошки аспект издадена од АКН
- Идеен проект за изградба на оптичка телекомуникациска инфраструктура – ФТТХ Зајас, фаза 1, Општина Кичево со тех. бр.7439 од октомври 2021г.
- Полномошно од Македонски Телеком АД – Скопје со бр.12-143504/1 од 16.07.2015
- Барање за одобрување на урбанистички проект за инфраструктура – за изградба на оптичка телекомуникациска инфраструктура – ФТТХ Зајас – фаза I, КО Зајас, Општина Кичево
Комисијата формирана од Градоначалникот на Општина Кичево со Решение бр. 09-229/1 од 29.01.2021год, во состав: Вјолца Абази д.и.а, Лепосава Бајдеска д.и.а, Фисник Фејза д.и.а, Сабедин Емини д.и.а и Фекри Садику д.и.а, изготви Извештај од позитивно стручно мислење бр.10-839/2 од 22.08.2022 год. по што комисијата констатира дека нема забелешка во изработката на Урбанистичкиот Проект изработен од страна на Друштвото за геодетски работи, трговија и услуги ″ГЕО БАЛКАН″ ДООЕЛ – Битола.
Градоначалникот на Општина Кичево по извршениот увид на приложената документација констатира дека барањето е основано и се исполнети условите од Законот за урбанистичко планирање и врз основа на член 62 став (10),(Сл.Весник на РСМ бр. 32/2020) и го издава Решението како во диспозитивот.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО:
Против ова Решение, барателот може да поднесе жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на Потврдата до министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредувањето на просторот.
Бр.
10-2308/1
29.08.2022