Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Реконструкција на патот Бичинци – Мамудовци

Реконструкција на историскиот пат кој ги поврзува населените места со градот Кичево.
Враќање кон нашите корени за подобра иднина!

Почитувани граѓани,
Со почит Ве известуваме дека завршивме еден посебен и важен проект за сите нас – реконструкција на првиот пат кој историски ги поврзува нашите населени места со градот Кичево.

Овој пат не е само сегмент од инфраструктурата, во себе носи спомени, историја и традиции кои ја обликуваа нашата заедница низ годините.

Патот што го обновуваме некогаш беше главната артерија што ги поврзуваше жителите на руралните средини (области) со пазарот, училиштата и граѓанскиот живот на Кичево .

Нашата општина оди напред, ги чува традициите и гради посветла иднина за сите!

Back to top