Пуштање во употреба на новата фотоволтаична централа во електраната РЕК Осломеј
Електраната РЕК „Осломеј“ од јаглен се обновува со алтернативни извори на енергија, односно соларно-фотоволтаични панели.
Заедно со претседателот на Дуи Али Ахмети, премиерот Ковачески, првиот вицепремиер Артан Груби и министерот за економија Крешник Бектеши официјално ја пуштивме во употреба новата Фотоволтаична централа. Воедно, овој проект е најголем во земјава со производствен капацитет од 10 MW.
Реализацијата на овој проект е голем чекор во ова време на енергетска криза и воедно претставува енергетска транзиција во согласност со “Зелената” агенда за подобрување на условите за живот и животната средина.