Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Поставување на фотоволтаични панели во јавни општински објекти

Со овој проект ќе се овозможи набавка и монтажа на фотоволтаични панели во:

  • Градското училиште „Санде Штерјоски“ со 20 kwh
  • „Санде Штерјоски – Пашино“ со 20 kwh
  • ОУ „Реџо Рушит Зајази“ – Зајас со 20 kwh
  • ОУ „Кузман Јосифоски Питу“ со 20 kwh
  • Двете спортски сали „Јанчица“ со 20 kwh и салата во „Иванидол“ исто така со 20 kwh
    Вкупно 120 Kwh

Снабдувањето и инсталирањето на вакви фотоволтаични системи е дел од новата агенда на Европската Унија, а овозможува значителна заштеда на електрична енергија во јавните општински објекти што директно влијае на намалувањето на трошоците на Општината.

Овој проект го овозможува и зголемува:

  • Бројот на обновливи извори на енергија
  • Енергетска ефикасност
  • Заштита на животната средина

Инсталирањето и примената на овие системи ќе продолжи да се спроведува на целата територија на Општина Кичево

Back to top