Посета на Унијата на жени од Југозападен регион
Вчера во присуство на градоначалникот Фатмир Дехари имавме задоволство во просториите на општина Кичево да ја поздравиме посетата на Унијата на жени од Југозападниот регион.
„Подобрување и унапредување на положбата на жената во претприемништвото“ организирана на иницијатива на Националната платформа на жени претприемачи во соработка со Општина Кичево.
Разговаравме за поттикнување, институционална поддршка но и создавање на мрежи за соработка и меѓусебна поддршка како клучен фактор за размена на искуства, стекнување вештини, унапредување и финансиска независност на жените претприемачи.
Исто така, заедно со локалните координатори на Националната платформа на жени претприемачи во Општина Кичево, беше одлучено оваа соработка да продолжи интензивно да се применува во најкраток можен рок.