Посета на амбасадорката на САД во земјава Кејт Мари Брнс
Чест и задоволство е да се биде домаќин во нашиот град на амбасадорката на САД во земјава Кејт Мари Брнс.
Бескрајна благодарност за досегашната соработка и поддршка на нашата општина со сите амбасадори на САД во трите мандати г-дин. Волерс, г-дин. Бејли, а особено сега со г-ѓа Брнс со која зборувавме за локални теми со посебен акцент за образованието и подобрувањето на условите во училиштата. Благодарност на американскиот народ и на г-ѓа Брнс како нивен претставник за реализацијата на две модуларни училници во ОУ „Наим Фрашери“ и ОУ „Христо Узунов“. Благодарност и до американските претпоставени и војници кои помогнаа да се реализира овој проект.
Се чувствував привилегиран и исполнет за подготвеноста на амбасадорот да ја продлабочи соработката со нашата општина за реализација на други проекти за доброто на граѓаните.