Општина Кичево започна со активности за изготвување на буџетот за 2026 година
Општина Кичево започна со активности за изготвување на буџетот за 2026 година, започнувајќи со серија консултации со различни групи на интерес, па затоа ве повикуваме сите граѓани да ги дадете своите мислења и предлози за буџетот на Општина Кичево за 2026 година.
Своите мислења и предлози можете да ги дадете и електронски на веб-страната на општината на овој линк: Учество во изготвувањето на Буџетот на општината за 2026 година
Погледнете ја агендата на средбите и бидете дел од процесот на донесување одлуки!