Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Оглас

Врз основа на План Програмата за организирање на Јавни работи на територијата на Општина Кичево за 2022 год., Комисијата при Општина Кичево за избор на 60 кандидати кои ќе се ангажират за реализација на јавни работи на територијата на Општина Кичево согласно Решението на Градоначалникот на Општина Кичево со бр.09-2262/1 од 19.08.2022, го објавува следниот:

О Г Л А С
за јавни работи на територијата на Општина Кичево за период 2022/2023

1. Се објавува Оглас за ангажирање на вкупно 60 невработени лица од загрозени социjални категори, кои ќе се ангажират за реализација на јавни работи на територијата на Општина Кичево, согласно Програмата за јавни работи.

2. За ангажирање во јавни работи на избираните кандидати ќе им се исплати паричен надоместок утврден со Договор со кој ќе се уредат и правата и обврските на договорените страни и тоа:

a) 10 лица со паричен надоместок за скратено работно време,
б) 50 лица со паричен надоместок за полно работно време.

3. Ангажирањето во јавните работи ќе се реализира во период од 01.09.2022 год., до 31.08.2023 год.

4. Кандидатите кои ќе конкурират треба да ги исполнат следниве услови:

– Да се жители на Општина Кичево (се докажува со увид на лична карта)
– Да се невработени (се докажува со Потврда од Агенција за вработување)

5. Огласот ќе биде истакнат на Огласната табла и Веб страната на Општина Кичево и истиот ќе трае (5) пет работни дена од денот на објавувањето.

6. Барањата со комплетна документација да се достават до архивата на Општина Кичево со назнака за Оглас за јавни работи 2022/2023.

Бр.09-2288/1
Датум.24.08.2022 год.
Кичево

Back to top