Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Оглас за јавни работи на територијата на Општина Кичево за период 2023/2024

Врз основа на Програмата за организирање на Јавни работи на територијата на Општина Кичево за 2023 година, со бр.09-1508/1 од 09.06.2023 година Комисијата при Општина Кичево за избор на 60 кандидати кои ќе се ангажират за реализација на јавни работи на територијата на Општина Кичево согласно Решението на Градоначалникот на Општина Кичево со бр.09-2935/2 од 17.08.2022, го објавува следниот:

ОГЛАС
за јавни работи на територијата на Општина Кичево за период 2023/2024

  1. Се објавува Оглас за ангажирање на вкупно 60 невработени лица од загрозени социjални категори, кои ќе се ангажират за реализација на јавни работи на територијата на Општина Кичево, согласно Програмата за јавни работи.
  2. За ангажирање во јавни работи на избираните кандидати ќе им се исплати паричен надоместок утврден со Договор со кој ќе се уредат и правата и обврските на договорените страни и тоа:
    a) 6 лица со паричен надоместок за скратено работно време,
    б) 54 лица со паричен надоместок за полно работно време.
  3. Ангажирањето во јавните работи ќе се реализира во период од 04.09.2023 год., до 31.08.2024 год.
  4. Кандидатите кои ќе конкурират треба да ги исполнат следниве услови:
    – Да се жители на Општина Кичево (се докажува со увид на лична карта)
    – Да се невработени (се докажува со Потврда од Агенција за вработување)
  5. Огласот ќе биде истакнат на Огласната табла и Веб страната на Општина Кичево и истиот ќе трае (5) пет работни дена од денот на објавувањето.
  6. Барањата со комплетна документација да се достават до архивата на Општина Кичево со назнака за Оглас за јавни работи 2023/2024
Back to top