Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Месечен извештај на Општина Кичево

Преку овој извештај ќе дадеме анализа за работата и процесите во нашата институција со почитување на принципите на транспарентност, пристапност и ефикасност на општинската администрација.

Резимето на овој извештај ќе ви овозможи пристап до нашата секојдневна работа, проектите што се спроведуваат и нашите предизвици за иднината!

Нашата цел е преку принципот на достапност вие како граѓани да имате можност да го остварите правото на пристап до информации и во исто време да бидете информирани за процесите кои се одвиваат во општината.

Нашата транспарентност ви гарантира да ги видите и научите сите информации за тоа како да се организирате и случувањата кои се достапни за граѓаните.

Ефикасноста како принцип е основата на нашата професионална определба како релевантна институција да имаме најдобро можно владеење.

Во контекст на ова само во овој месец ние како општина направивме многу работа и проекти кои ќе бидат обелоденети во продолжение:

Успешно ја завршивме изградбата на две спортски игралишта за фудбал и рекреација со игралишта за деца, во две атрактивни населби во градот (населба 22 декември и паркот кај училиштето Санде Штерјоски)

Доделивме 20 грантови за отворање мали нови бизниси во вредност од 60.000 евра, во рамки на програмата за локален економски развој. Ова значи и 20 нови вработувања за оваа година кои веќе започнаа со работа

Студентски стипендии

Вкупно 50 стипендии за студенти, исто така поделени во две категории:

-25 стипендии за одлични студенти -25 стипендии за студенти со тешка економска состојба) кои ќе бидат исплатени во период од 8 месеци

Посета на евроамбасадорот, неговата екселенција г. Дејвид Гир, за веќе реализирани проекти финансирани од Европската Унија, во соработка со нашата општина (Градски Кале и станицата за третман на отпадни води)

Почеток на работите за Социјални станови, проект финансиран од Европската Унија во соработка со Општина Кичево во вредност од 800000 евра

Заврши успешно проектот во рамките на програмата наменета за социјални случаи во соработка со германската амбасада, каде општина Кичево излезе на помош на 30 семејства, плаќајќи ги сите неплатени сметки што останаа од претходните месеци

И оваа година успешно продолжува имплементацијата на програмата за тешки социјални случаи со обезбедување еднострани средства 2 пати месечно, во зависност од потребата

Успешно започна реализацијата на системот за осветлување „Smart Light“ (замена на сите стари светилки на целата територија на Општината). Досега 3-те главни сегменти на градот се опремени со нови долгорочни SMART LIGHT светла.

Конкретно санирани: Сегментот на автопатот Кичево-Скопје, Кичево-Охрид и главниот сегмент на градот „Булевар на ослободувањето“!

Исто така ул, „Реџо Рушит Зајази“ во населба Пашино!

Основното училиште „Милто Гура“ во село Червици, е во завршна фаза!

Средба со претставниците на компанијата „ГУРИС“ од Република Турција, за отпочнување на гигантскиот проект за ветерна енергија „КИЧЕВО 35 Mw.

Потпишан е меморандум за соработка со невладината организација „Центар за комуникација со граѓаните-Скопје“ за реализација на проектот „Развој и спречување на корупцијата“, финансиран од Амбасадата на Холандија, кој ќе се реализира во рамките на оваа година до 2025

Секторот за урбанизам во овој месец реализираше:

-30 Решенија за легализација

-30 предмети се обработени за легализација и исто така овој сектор успеал да ги заврши сите 30 предмети

Општинската комисија од областа на заштитата и спасување, ја заврши проценката на штетите предизвикани од елементарни непогоди-поплави и го донесе извештајот врз основа на кој државната комисија при Владата на Северна Македонија, врз основа на направените проценки ќе ги надомести штетите на семејствата

Продолжуваме со ист интензитет и професионална посветеност во реализацијата на другите планови предвидени во наредните месеци.

Back to top