Консултативна средба за идната стратегија на младите во Општина Кичево
Во духот на соработка и заеднички цели, вчера се одржа консултативна средба меѓу претставници на Општина Кичево, локалната младина и експерти од таа област ангажирани од Националниот Младински Совет, со цел дискутирање и подобрување на нацрт-стратегијата за младите на општината во наредните пет години. Настанот, кој се одржа во просториите на општината, ги обедини волјата и заложбите на сите страни за да се формулира јасен пат за развој на потенцијалите на младите.
Експертите ја оценија соработката меѓу институциите и младите како „позитивен пример за учество на младите во демократските процеси“. Оваа консултативна средба не е само формален чекор, туку длабока заложба на Општина Кичево за создавање цврста основа за идните генерации.