Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Конкурс за стиипендии за студенти за учебната 2023/24 година

КОНКУРС
За стиипендии за студенти за учебната 2023/24
година

АПЛИКАЦИЈА

Право за аплицирање на овој конкурс имаат студенти кои студираат во некој од државните универзитети во Република Македонија или во еден од приватните универзитети во или надвор од земјата.

УСЛОВИ

  1. Да се студенти од I,II, III, IV и V
  2. Да се редовни студенти
  3. Да не повториле во текот на студиите

Студентите од I (прва) година треба да достават фотокопија од диплома од средно образование како и свидителството од I до IV (четврта) година, исто така и потврда за регистрација како редовен студент на универзитет

Студентите од II (втора), III (трета), IV (четврта), V (пета) година како и постдипломски студии да достават потврда со оценки од предходната година или 80% земени испити, потврда дека е редовен студент на универзитетот

Стипендиите ќе се доделат за две категории на студенти и тоа:

  • За студенти со голем успех на студии, вкупно 25 стипендии
  • За студенти од сејмества  со лоша финансика состојба, вкупно 25 стипендии

ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА

  • Формуларот за апликација кој можете да го преземете подолу
  • Фотокапија од лична карта или пасош
  • ЦВ (биографија)
  • Фотокапија од индекс (двете страни, каде што  е сликата и страната каде е заверен семестарот), фотокапија од свидителство за четврта година (ако е студент прва година)
  • Потврда дека е регистриран на Универзитет
  • Потврда со оценки
  • Потврда од завод за вработување и изјава на нотар дека не е вработен
  • Потврда за приходите од членовите на семејството или друга потврда каде ќе се утврдат месечните примања
  • Изјава за семејна состојба

КРИТЕРИУМИ

Оценувањето на кандидатите од прва категорија ќе се реализира според овие критериуми:

  1. Постигнатиот успех од предходната година – 60%
  2. Месечни примања – 30%
  3. Семјена положба – 10%

Оценувањето на кандидатите од втора категорија ќе се реализира според овие критериуми:

  1. Постигнатиот успех од предходната година – 30%
  2. Месечни примања – 60%
  3. Семјена положба – 10%

Се исклучуваат од избор кандидатите кои се добитници на стипендии од други институции и приватни компании.

Оценувањето ќе се одвива според правилникот бр.09-2140/1 донесен од Општина Кичево, а на студентите без родители им се додаваат допонителни 10 бода

ИЗНОС НА СТИПЕНДИЈА

Износот на стипендијата за студентите кои се запишани во академската година 2023/2024 е 32.000 ден кои ќе се исплатат по 4.000 денари за 8 месеци

МЕСТО И РОК НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОТРЕБНАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Апликациите за стипендија да се достават во архивата на Општина Кичево од 11:00 часот до 15:00 часот,  или преку пошта на адреса Општина Кичево ул. Борис Кидрич бр.1 до 30.09.2023 година

Некомплетни апликации нема да се разгледуват од страната на комисијата

Системот за пресметка на поени се уредува со правилникот кој е донесен од страна на Општина Кичево, и е дел од овој конкурс што можете да го симнете подолу

Back to top