Кампања „Учи паметно, работи стручно“
Кампањата „Учи паметно, работи стручно“ денеска се одржа во општина Кичево. Оваа иницијатива, која ја спроведува Министерството за образование и наука со поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка, претставува унапредување и развој на средното стручно образование.
Кампањата се спроведува преку социјален дијалог или консултации со компаниите, стопанските комори и локалните самоуправи за потребата од отворање нови профили и паралелки во средните стручни училишта во земјава. Средбите ги реализираат министерот за образование и наука Јетон Шаќири и заменик министерот Лулзим Алиу заедно со градоначалниците, компаниите и стручните училишта, на кои се разговара за потребите во реалниот сектор од отворањето на двојни паралелки во средните стручни училишта, наставните програми и за уписни политики во средните стручни училишта.
Градоначалникот на Кичево Фатмир Дехари во денешната дискусија ги поздрави претставниците на Министерството за образование, градоначалникот на Македонски Брод и претставниците на Стопанската комора, како и другите учесници од приватниот и јавниот сектор, давајќи им поддршка за реализација на овој проект кој е од особено значење.