Индекс на активна транспарентност – Општина Кичево со многу добра транспарентност за 2023 г.
Под ’активна транспарентност‘ се подразбира објавувањето информации на сопствена иницијатива на институциите, без притоа некој да има доставено до нив барање за пристап до тие информации. Постои и законска основа за проактивно објавување информации, која се наоѓа, пред сè, во Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер, но и во низа други закони, како што се Законот за локалната самоуправа, Законот за буџетите, Законот за јавен долг, Законот за финансирање на единиците на локална самоуправа и др. Освен од регулативата, активната транспарентност произлегува и од добрата практика, а институциите имаат обврски за проактивно објавување информации и од акциските планови во рамките на иницијативата за Партнерство за отворена власт.
Општина Кичево има 97,1% активна транспарентност и се наоѓа на виското шесто место од вкупно 98 институции (Владата и сите министерства и општини).
Според тоа, Општина Кичево спаѓа во најдобрата група на институции со ’многу добра‘ активна транспарентност, односно со исполнување на обврските за објавување јавни информации од 80% до 100%.
Меѓу регионите, Југозападниот Регион постојано се подобрува и од некогашното претпоследно место, годинава е на третата позиција.
Со постојано подобрување за едно место нагоре во последните неколку години, Југозападниот Регион се искачи на третата позиција меѓу регионите според активната транспарентност.
Кичево му го презеде приматот на Центар Жупа со подобрување од дури 37,1 процентен поен во однос на лани и од ланското претпоследно место во регионот, сега е на првата позиција.
Истражувањето е изработено во рамките на проектот „Мониторинг на јавните набавки“ што го спроведува Центарот за граѓански комуникации, а е финансиски поддржан од Фондацијата Отворено општество – Македонија.