Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Добиени два проекти – обнова на градскиот плоштад и изградба на капела на градските православни гробишта

Денес го започнувам денот со прекрасната вест за местото што не обединува сите нас, за местото што ни даваше со години најразновидни емоции, за местото што заслужува прекрасна глетка и урбана гордост, градскиот плоштад со нови погледи!

Почитувани граѓани, во саботата го потпишав договорот вреден 800.000 €, средства обезбедени од Владата на СРМ преку програмата Тав!

Нашата општина изготви квалитетни проекти и доби два од нив!

Ние исто така го добивме вториот проект вреден 374.000 евра за изградба на капела на градските православни гробишта.

Секој збор повеќе би бил непотребен.

Кога делата зборуваат, сè изгледа поубаво и подобро!

Доброто доаѓа од работата и со работата носиме добрини!

Back to top