Денеска јапонскиот амбасадор, г. Отсука Казуја ја посети нашата општина
Посетата беше подготвена во рамките на соработката за реализација на проектот (ГГП), кој го реализираше Јапонската амбасада во земјава.
Ова е програма за социо-економска помош за локален развој меѓу заедниците која промовира финансиска помош за институциите, училиштата, болниците и сите организации кои промовираат економски развој.
Јапонската амбасада во нашата општина, поточно во училиштето Др. Владимир Полежиноски преку програмата ГГП донира проект вреден 80.000 евра каде е извршена целосна обнова на прозорците и тоалетите на училиштето.
Градоначалникот на општината Фатмир Дехари му се заблагодарува на амбасадорот за помошта и подготвеноста да се реализира овој проект и воедно понуди соработка за помош во реализација на проекти од ваков карактер кои ќе им служат на децата и на нашиот град.