Градоначалникот Фатмир Дехари денеска во општина Кичево го прими министерот одговорен за дијаспората, г-дин Џемаил Чупи
Во соработка со Министерството за дијаспора беше потпишан договор за соработка, односно донесена е одлука за отворање на Центар за дијаспора во општина Кичево.
Овој центар има голема тежина за жителите на нашата Општина кои живеат и работат во странство.
Целта на овој центар е на нашите граѓани да им овозможи полесен пристап до потребните информации за нивните права и обврски, поточно да даде дополнителни упатства во управните постапки пред надлежните органи за време на нивниот престој во татковината.
Општина Кичево и градоначалникот Фатмир Дехари преку оваа соработка го подигнуваат нивото и ја олеснуват комуникација на граѓаните меѓу локалната и централната власт за граѓаните од дијаспората, а воедно преку овој центар им ја враќа довербата во државните институции.