Градоначалникот на општина Кичево Фатмир Дехари денеска подели договори за самовработување
Градоначалникот на општина Кичево Фатмир Дехари денеска подели договори за самовработување во рамките на програмата за локален економски развој предвидени во Буџетот на општината за 2022 година
Мерка – I
Од вкупно 20 договори за самовработување, грантови во вредност од 180.000 денари добија 16 апликанти на кои им е овозможено да отворат нови бизниси во рокот предвиден во договорот и со тоа да ја зголемат конкурентноста и квалитетот на бизнисите на ниво на општина Кичево.
Во Мерката II – субвенција за ново работно место, право на вработување добија 15 постоечки фирми, кои во рок од 15 дена ќе ги претстават новите вработени пред своите субјекти и за период од 1 година ќе бидат субвенционирани од општина Кичево.
Како институција продолжуваме трајно да ги поддржуваме, поттикнуваме и мотивираме приватните бизниси со цел да се создаде конкурентна економија и да се намали нивото на невработеност во нашата општина.