Генералка викенд
Поинаков викенд,
Под мотото „Генералка викенд“
Општина Кичево во соработка со компанијата „MAN and MOUNTAIN“ потпишаа меморандум за соработка за реализација на иницијативата за чистење на градот што ќе се организира вториот викенд од месец мај.
Овој проект е организиран на државно ниво во сите градови на РСМ и ќе трае до 2031 година.
Ги повикуваме сите граѓани, училишта, градинки, невладини организации, фирми и пензионери од градот да се приклучат на оваа иницијатива за расчистување на нашиот град.
Сè ќе биде организирано на вистинско ниво со одреден број пијалоци, ракавици и кеси за чистење од организаторот.