Вчера Општина Кичево одржа состанок со младите за изработка на буџетот за 2025 година
Вчера се одржа средбата меѓу младите и Општина Кичево, а атмосферата беше исполнета со ентузијазам и надеж за иднината!
Младите од градот се собраа за да ги споделат своите иновативни идеи и визии за подобро Кичево. Нивните предлози за буџетот за 2025 година беа полни со креативност и позитивна енергија.
Претставниците на општината беа импресионирани од страста и ангажманот на младите, ветувајќи поддршка и континуирана соработка.
Оваа средба означи значаен чекор кон зајакнување на младинскиот глас во носењето одлуки и градење на посветла иднина за целата заедница!