Амбасадорот на ЕУ во Северна Македонија, Дејвид Гир, ја посети општина Кичево
На средбата стана збор за проекти реализирани со средства од ЕУ во градот Кичево кои се од витален интерес за граѓаните на Кичево. Градоначалникот Дехари изрази благодарност за досегашната поддршка, која ја поздрави Шефот на делегацијата на ЕУ Дејвид Гир, наведувајќи дека оваа соработка ќе продолжи и во иднина со реализација на други крупни проекти во Кичево.
По посетата на општина Кичево, во Општата болница се одржа средба на која се приклучија и амбасадорот на Холандија Дирк Јан Коп, Министерот за здравство Венко Филипче, Дирекректорите Станко Трпески и Џабир Бајрами.
Целта на средбата во Градската болница беше да се претстави скенерот за компјутерска томографија дониран од ЕУ, кој ќе им служи на пациентите од Кичево.