Јавен повик
Врз основа на член 22, став 1, точка 1 од Законот за локална самоуправа ( „ Службен весник на РМ“ бр. 05/02), член 3, став 1, точка 3 од Законот за комунални такси ( „ Службен весник на РМ“ бр. 61/05, 92/07, 123/12,154/12,192/15 и 23/16 ) и Одлуката за поставување на маси и опрема за комерцијални услуги и изградба на инфраструктурни објекти во подрачјето на Општина Кичево бр 07-1188/5 од датум 17.12.2010(Службен гласник на Општина Кичево бр.6/2006 и 12/2010.За користење на површината пред деловните објекти за вршење дејност. Oпштина Кичево објавува:
ЈАВЕН ПОВИК
за поставување урбана опрема и елементи за изложување на производи за вршење на трговска дејност или угостителска дејност на јавни површини пред деловниот простор
- Се повикуваат сите правни и физички лица, корисници на јавни површини, регистрирани за вршење на сопствена дејност, да поднесат Барање до Општина Кичево за да добијат Одобрение за поставување на урбана опрема и елементи за изложување на производи за извршување на трговска дејност или угостителска дејност на јавни површини, пред деловниот простор.
- Рокот за поднесување е 31.05.2021 од денот на објавувањето на Јавниот повик во web страницата на Општина Кичево, www.kercova.gov.mk, како и во локалните медиуми во Кичево.
- Корисниците на јавните површини кои нема да се јават на повикот во одредениот рок, ќе бидат принудени, освен редовната да плаќаат повисока такса зголемена за 30%, согласно Законот за комунални такси.
- Контролата за согледување на состојбата на корисниците за снабденоста со одобренија, ќе ја извршат надлежните инспектори кои согласно позитивните законските норми, ќе составуваат и Записници и ќе превземаат и казнени мерки.