Јавен повик за прибирање на барања за користење средства од Буџетот на Општина Кичево за 2023 година, наменети за поддршка на спортски здруженија и екипи
ОПШТИНА КИЧЕВО
Врз основа на Програмата за активностите на Општина Кичево во областа на Спортот и Рекреацијата во 2023 год. (Службен Гласник бр. 12/2022), Општина Кичево објавува:
ЈАВЕН ПОВИК
За прибирање на барања за користење средства од Буџетот на Општина Кичево за 2023 година, наменети за поддршка на спортски здруженија и екипи
Распределбата на средствата од Буџетот на Општина Кичево за 2023 година, согласно Програмата од областа на спортот и рекреацијата бр.08-3208/7 од 27.12.2022год., средства наменети за финансирање на програмски активности на спортски здруженија и екипи ќе се врши врз основа на критериумите и приоритетите дадени во овој повик.
1. Видот на проектите кои ќе бидат поддржани
Средствата од Буџетот на Општина Кичево ќе се користат за финансирање на програмски активности на спортски здруженија и екипи, за проекти од следниве категории:
Поддршка на проекти и активности за подигање на нивото на екипните спортови; поддршка на проекти за подигање на нивото на боречките спортови; подршка на спортските школи; проекти кои влијаат кон подигање на свеста за интегриран спорт меѓу заедниците.
2. Предвидени средства
За финансирање на понудените програмски активности, согласно овој повик ќе се користат средства од Буџетот на Општина Кичево за 2023 година, во вкупен износ од 3.950.000,00 денари
I. За поддршка на спортски здруженија и спортски екипи, преку проекти од следниве приоритетни области:
- Поддршка на проекти и активности за подигање на нивото на екипните спортови на територија на Општина Кичево
- Поддршка на проекти за подигање на нивото на боречките спортови на територија на Општина Кичево
- Поддршка за спортските школи
- Подигање на свеста за интегриран спорт меѓу заедниците на територија на Општина Кичево
3. Доставување извештај
Спортските здруженија и екипи на кои ќе им бидат доделени средства согласно Програмата за спорт и рекреација, по завршувањето на своите програмски активности ќе достават извештај за користење на средствата до Секторот за финансии на Општина Кичево.
4. Основни организациски критериуми
Основни организациски критериуми кои треба да ги исполнуваат спортските здруженија и екипи кои ќе учествуваат на овој повик се:
- Капацитет на организацијата
- Релевантност на акцијата
- Ефекти во средината
- Оддржливост на проектот
- Сопствено учество во кофинансирање (со време, опрема, човечки ресурси)
- Конзистентност на проектот (цели, активности, резултати, буџет)
- Прецизна поделба на улогите на партнерите
- Субјектите мора да делуваат на територијата на Општина Кичево
5.Потребна документација која здружението / екипата треба да ја достави кон Пријавата за финансиска поддршка на здруженија на граѓани и екипи
Здруженијата и фондациите кои учествуваат на огласот треба да достават:
- Пријава за финансиска поддршка
- Буџет апликација
- Решение за регистрација на здружението или екипата
- Извештај за добиените средства од Буџетот на Општина Кичево во изминатата фискална година и начинот на нивната реализација (доколку здружението била корисник на средства доделени од Буџетот на Општина Кичево за 2022 година)
Здруженијата на граѓани можат да поднесат само една пријава за финасиска подршка за проект или манифестација.
Напомена: Пријавите со непотполна документација или по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат! Доставените прилози не се враќаат.
6. Рок и начин на доставување на пријавите
Рокот за поднесување на пријавите е до: 01.09.2023 година
Пријавата со целокупната документација да се достави преку пошта, на адреса:
Општина Кичево ул.Борис Кидрич бр.1 6250 Кичево, или во архивата на Општината од 08:00 до 16:00 часот, со назнака – За поддршка на спортски здруженија и екипи за 2023 година.
Спортските здруженија и екипи, учесници на јавниот повик ќе бидат известени за резултатите кои ќе им бидат доставени во адресите на истите. Називите на спортските здруженија и екипи кои добиле средства за проектите и активностите ќе бидат објавени на вeб страната на Општина Кичево. Пријавите за финансиска поддршка на спортските здруженија и екипи и Формуларот за предлог–проект и активности ќе можат да се подигнат подолу