Состанок со претседателите од селата од „Месните заедници“
Како резултат на светската криза со Струјата, денеска во просториите на општина Кичево на покана на градоначалникот беа присутни сите градоначалници од селата од „Месните заедници“.
На средбата се разговараше за актуелната состојба во руралните делови на општина Кичево, но тема на средбата беше кризата со електрична енергија.
Со предлог на градоначалникот, донесена е одлука за периодот по енергетската криза, ние како општина да направиме рестрикции, поточно да ги намалиме часовите на Јавното осветлување.
Оваа одлука беше одобрена со согласност на сите присутни на состанокот и беше одлучено ова ограничување за електрична енергија да почне да се применува што е можно поскоро.
Претседателот изрази благодарност за рационалното разбирање и им се заблагодари на присутните за меѓусебната соработка.