Поставување на фотоволтаични панели во јавни општински објекти
Со овој проект ќе се овозможи набавка и монтажа на фотоволтаични панели во:
- Градското училиште „Санде Штерјоски“ со 20 kwh
- „Санде Штерјоски – Пашино“ со 20 kwh
- ОУ „Реџо Рушит Зајази“ – Зајас со 20 kwh
- ОУ „Кузман Јосифоски Питу“ со 20 kwh
- Двете спортски сали „Јанчица“ со 20 kwh и салата во „Иванидол“ исто така со 20 kwh
Вкупно 120 Kwh
Снабдувањето и инсталирањето на вакви фотоволтаични системи е дел од новата агенда на Европската Унија, а овозможува значителна заштеда на електрична енергија во јавните општински објекти што директно влијае на намалувањето на трошоците на Општината.
Овој проект го овозможува и зголемува:
- Бројот на обновливи извори на енергија
- Енергетска ефикасност
- Заштита на животната средина
Инсталирањето и примената на овие системи ќе продолжи да се спроведува на целата територија на Општина Кичево