Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Посета на амбасадорот на Јапонија г-дин Савада Хиронори

Заедно со раководителот на Секторот за образование Емин Насуфи и директорот на ОУ „Др. Владимир Полежиноски“, Горан Карафилоски го пречекавме Амбасадорот на Јапонија г-дин Савада Хиронори придружуван од неговата сопруга.

Задоволство ми беше да разговараме за развојни проекти и да ја продлабочиме соработката на нашата општина и Јапонската амбасада.

Му се заблагодарив што го поддржа проектот вреден 100.000 евра за замена на прозори во училиштето, како и за други проекти кои ќе ги применуваме во иднина.

Back to top