Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Општина Кичево одржа средба со претставниците на локалните образовни институции

Се одржа средбата со претставниците на образовните институции на локално ниво.
За време на средбата, тие дискутираа важни прашања како опремувањето на кабинетите, училишниот инвентар и интервенциите внатре и надвор од образовните објекти.

Претставниците ги презентираа своите потреби и предлози за буџетот за 2025 година, потенцирајќи ја важноста на инвестициите во образовната инфраструктура за подобрување на квалитетот на образованието во општината.

Општината ја изрази својата подготвеност за соработка и за адресирање на овие барања во идниот буџет.

Back to top