Општина Кичево го одржа вториот состанок со културните невладини организации за изработка на буџетот за 2025 година
Денес се одржа и вториот состанок помеѓу Општина Кичево и невладините организации за култура. За време на состанокот беа дискутирани важни прашања поврзани со развојот и промоцијата на културата во општината.
Претставниците на културните организации ги презентираа своите идеи и предлози за буџетот за 2025 година, потенцирајќи ја потребата за поголема поддршка на културните проекти и уметничките активности. Општината го цени нивниот придонес и изрази подготвеност за тесна соработка во изработката на буџет кој ги одразува потребите и културните приоритети на заедницата.