Општина Кичево го одржа првиот состанок со Регионалната комора на Кичево за изработка на буџетот за 2025 година
Во рамките на започнувањето на активностите за изработка на буџетот на Општина Кичево за 2025 година и според агендата, ова беше првиот состанок каде Општина Кичево одржа средба со претставници на Економската комора, со цел да ги слушне идеите и предлозите од страна на бизнис заедница за буџетот за 2025 година.
За време на состанокот беа дискутирани важни прашања како локалниот економски развој, поддршката на бизнисите и подобрувањето на инфраструктурата.
Тесната соработка помеѓу општината и бизнис заедницата беше оценета како суштинска за изработката на буџет кој ги одразува потребите и приоритетите на граѓаните.