Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Оглас за јавни работи на територијата на Општина Кичево за период 2024/2025

Врз основа на Програмата за организирање на Јавни работи на територијата на Општина Кичево за 2024 година, со бр.03-1482/1 од 04.06.2024 година Комисијата при Општина Кичево за избор на 60 кандидати кои ќе се ангажираат за реализација на јавни работи на територијата на Општина Кичево согласно Решението на Градоначалникот на Општина Кичево со  бр.04-2094/2 од 19.08.2024, го објавува следниот:

ОГЛАС
за јавни работи на територијата на Општина Кичево за период 2024/2025

  1. Се објавува Оглас за ангажирање на вкупно 60 невработени лица од загрозени социjални категории, кои ќе се ангажираат за реализација на јавни работи на територијата на Општина Кичево, согласно Програмата за јавни работи.
  2. За ангажирање за јавни работи на избраните кандидати ќе им се исплати паричен надоместок утврден со договор со кој ќе се уредат и правата и обврските на договорените страни.
  3. Ангажирањето за јавни работи ќе се реализира во период од 02.09.2024 год., до 31.07.2025 год.
  4. Кандидатите кои ќе конкурираат треба да ги исполнуваат следниве услови:
    – Да се жители на Општина Кичево (се докажува со увид на лична карта)
    – Да се невработени (се докажува со Потврда од Агенција за вработување)
  5. Огласот ќе биде истакнат на Огласната табла и Веб страната на Општина Кичево и истиот ќе трае пет (5) работни дена од денот на објавувањето.
  6. Барањата со комплетна документација да се достават до архивата на Општина Кичево со назнака за Оглас за јавни работи 2024/2025.
Back to top