Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Комора на овластени архитекти и овластени инженери на РСМ – Одржана регионална средба во Кичево

На 21 Февруари 2025 со почеток од 11:00 часот во просториите на Советот на Општина Кичево се одржа Регионална средба на овластени архитекти и овластени инженери, првата од овој тип на активностите на Комората, зацртани во календарот за 2025 година.
Собирот се одржа на барање на архитектите и инженерите од Западниот Регион, а на иницијатива на архитектот Ристе Лазаровски од Кичево. На настанот беа поканети и сите членови на Комората.
Пред присутните со поздравни обраќања, најнапред ги поздравија Претседателката на Комората г-ѓа Кристинка Чулак, претставничката на Министерството за транспорт г-ѓа Елена Павловски – Советник во одделение за уредување на просторот во рурална средина, раководителката на секторот за урбанизам на општина Кичево г-ѓа Вјолца Абази, Веселинка Герасимова Петровска, раководителка на одделението на архитекти во Комората и раководителот на одделението урбанисти – Михаел Димитровски.

По формалните обраќања се одржа трибината на тема: „Справување со инженерските предизвици, преку надградба и усогласување на Законската регулатива, во време на дигитални трансформации“.
По исцрпната дискусија, и донесените конструктивни заклучоци за предизвиците во професијата на централно и регионално ниво се премина на презентацијата на Ценовникот за инженерски услуги во високоградба и Тарифникот за урбанистичко планирање.
Презентацијата беше направена од страна на раководителката на одделението за архитекти, Веселинка Герасимова Петровска и раководителот на оддлението на урбанисти – Михаел Димитровски, после што беа дискутирани голем број прашања на оваа тема.
Главната цел на Регионалната средба со колегите архитекти и инженери од Западниот Регион е да се приближи Комората до широкото членство и преку активна и директна комуникација на сите членовите на Комората од поединечни региони на национално ниво, да се лоцираат потребите за подобрување на условите за работа на инженерите, во насока на заедничо изнаоѓање на подобри решенија за унапредување на струката.
Благодарност за гостопримството на Општина Кичево и за можноста овој настан да се организира во одлично уредените простории на Општината.
Во продолжение фотогалерија од настанот.

Back to top