Завршен извештај за средбите со заинтересираните страни за изработка на буџетот на Општина Кичево за 2025 година
Општина Кичево подготви детален извештај од состаноците одржани со различните групи на интерес во рамките на изработката на буџетот за 2025 година.
Извештајот ги опфаќа дискусиите и предлозите од Стопанската комора, културните здруженија, спортските организации, младината, НВО за лица со посебни потреби и локалните образовни институции.
Објавувањето на овој извештај има за цел да ги информира граѓаните за процесот на соработка и транспарентност во донесувањето на одлуки. Документот е достапен за сите заинтересирани.