Втора фаза од јавниот повик за субвенционирање на граѓаните на Општина Кичево за набавка на високоефикасни инвертер – клима уреди за 2023 година
Барателите кои ги исполнуват условите од прва фаза дополнително ќе треба да ги достават и следните документи:
- Оригинална потврда на која ќе стои името и презимето на Барателот , заверена со потпис и печат од продавачот, дека набавените инвертер клима уреди се високоефикасни т.е. ги исполнуваат следните минимални карактеристики: има најмалку COP 3.5, грее на надворешна температура од -15°C и е најмалку А+ енергетска класа за потрошувачка на електрична енергија за греење (пример на потврдата ќе биде објавен на интернет страницата на Општината: www.kicevo.gov.mk)
- Доказ во оригинал дека е извршено купување од 01.01.2023 година и тоа со фискална сметка или фактура со извод од деловна банка за извршена уплата во целост,
- Фотокопија од трансакциска сметка,
- Оригинална потврда заверена со потпис и печат од овластен отпад за железо на која ќе стои името и презимето на Барателот дека стариот уред за затоплување е предаден за рециклирање