Втората работилница од „Interstellar Expressions“ успешно одржана во Кичево
На 5 април во просториите на Китино Кале, Кичево, се одржа втората работилница од проектот „Interstellar Expressions: Fostering Cultural Unity through Celestial Arts“.
Овој настан беше организиран од Меѓународната вселенска алијанса (ISA) и Организацијата за безбедност и соработка во Европа (OSCE), во партнерство со Општина Кичево, Адамс Едукација, Извидничкиот Одред „Мирко Милески“ и други локални поддржувачи.
Работилницата под наслов „Сликање на ѕвездите – Уметност инспирирана од ноќното небо!“ им понуди на децата и тинејџерите можност да ја истражат врската помеѓу астрономијата и уметноста. Учесниците преку водена сликарска сесија се запознаа со тоа како различни етнички заедници на Балканот го толкувале ноќното небо и како ѕвездите ги инспирирале уметниците низ историјата.
Поттикнати од новите знаења, младите создадоа сопствени уметнички дела инспирирани од ѕвездите. Овие дела ќе бидат изложени на завршната финална работилница од проектот.
Настанот се одржа во два термина и по принципот „прв дојден – прв услужен“. Атмосферата беше креативна и инспиративна, а учесниците покажаа голем интерес и ентузијазам.
Проектот продолжува со уште две работилници, со цел да се поттикне културна размена, пријателство и љубов кон уметноста и науката за вселената меѓу младите од Кичево.