Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Внимание за социјално ранливите категории

Во рамки на акцијата “Oбезбедување бесплатни здравствени прегледи за социјално ранливите Роми преку намалување на последиците по нивното здравје како резултат на КОВИД-19” финансирана во рамки на заедничкиот проект на Европската Унија и Советот на Европа, РОМАКТЕД Програмата Фаза II за “Промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво”, Општина Кичево во соработка со ЈЗУ Здравствен Дом Кичево во периодот од 02.10.2023 – 06.10.2023 спроведе бесплатни здравствени прегледи за социјално ранливите Роми на неколку локации и тоа на ул. Партизански Одреди (кај пошта), ул. Маршал Тито (Бела Кула) и ул. Прилепска.

Акцијата беше успешно спроведена, каде што во рамки на овој проект вкупно беа извршени 176 превентивни здравствени прегледи.

Back to top